Бројот на странски туристи помал за 44% во периодот од јануари-април 2021 во однос на истиот период лани

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2021 година изнесува 19 064, од кои 52.3 % се домашни туристи, а 47.7 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42 117, од кои 51.9 % се од домашните туристи, а 48.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 19.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 23.3 %, а кај странските има намалување за 44.3 %.

Во периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за  12.4 %, а кај странските има намалување за 32.0 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми