Ердоган ќе го урива Културниот центар Ататурк во Истанбул за да изгради опера

Facebook
Twitter
Email
Print

Во говорот што го одржа во Истанбул, Ердоган ги обелодени плановите за дизајнирање на новата оперска куќа на плоштадот Таксим на моменталната локација на центарот Ататурк .

 

Тој денеска рече дека современата оперска куќа ќе му даде нов живот на плоштадот Таксим, кој беше центарот на масовните антивладини протести во 2013 година, поттикнати од урбанистичкиот план за тој дел од градот.

 

Ова е втор обид на Ердоган да го урне Културниот центар Ататурк (АКМ), откако претходниот план да изгради нов културен центар во близина на плоштадот Таксим предизвика масовни протести против неговата партија.

 

По изградбата на оперската куќа, плоштадот Таксим ќе стане целосно пешачка зонаа сообраќајот на возила ќе се одвива под земја.

 

Планирано е зградата да биде готова до почетокот на 2019 година, пред да се одржат парламентарните избори во Турција во ноември 2019 година.

 

Новиот комплекс, кој ќе продолжи да го носи името Ататурк, го дизајнира Мурат Табанлиоглу, син на архитектот Хајати Табанлиоглу, кој ја дизајнираше оригиналната зграда на Културниот центар , која беше отворена во 1969 година.

 

Според објавените архитектонски планови , на оперската куќа ќе има модерна фасада од стакло и бетон, исто како на Културниот центар.

 

Операта со 2.500 седишта треба да биде отворена во 2019 година, ќе биде изградена на местото на Културниот центар Ататурк, кој беше отворен во 1969 година, но набрзо потоа затворен поради пожар. Центарот повторно беше отворен во 1978 година, па затворен во 2008 година поради реновирање, по што не беше отворен.

 

Ердоган, кој бил градоначалник на Истанбул во 90-те години, долго време се залагал АКМ да го замени со друг објект, тврдејќи дека зградата не е отпорна на земјотреси. Центарот е затворен за јавноста во изминатите десет години поради несогласувања во врска со неговото обновување и инфраструктура.

 

Противниците, сепак, сметаат дека планираното уривање е дополнителен доказ дека Ердоган, кој е голем муслимански верник, и неговата партија сакаат да го укинат секуларниот поредок кој го воспостави Ататурк во 20-те години од минатиот век и да го намали неговото значење во јавниот живот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи