Здружението на транспортери МАКАМТРАНС со реакција за „казнувањето“ со еколошка такса за горива и најава за протест


Здружението на транспортери МАКАМТРАНС предупреди дека воведувањето еколошка такса на горивата ќе им ги зголеми трошоците за 4,13 денари за литар и најави протест.

До Владата и до Министерството за финансии веќе е испратен допис, со реакција што не се консултирани за воведувањена оваа мерка, како најголеми потрошувачи на гориво.

Еколошката такса на горивата од 3,5 денари според најавата од премиерот Зопран Заев треба да се воведе од 1 јули.

„Во наредниот период предвидени се состаноци со надлежните органи и обид за промена на најавената мерка, за таа цел се одлучивме да спроведеме анкета за да се анализира состојбата и спремноста на превозниците за спроведување на отпор во различни облици“, велат од МАКАМТРАНС.

Биљана Муратовска од Макамтранс за „Слободен печат“ вели дека никаде во ЕУ нема таканаречена „зелена такса“ и дека европските земји, но и оние во соседството не ги „казнуваат“ сите граѓани, туку имаат посебни повисоки давачки при регистрација на возилата кои имаат стандарди под ЕУР 6 и 5.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи