МВР: 45 санкции за непрописно вградени „фолии” во возила

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Во акциска контрола на целата територија на државата полицијата открила и санкционирала 45 учесници во сообраќајот.

Од нив 44 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и 1 за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата на МВР е спроведена во периодот од 09.06 до 13.06.2021 на територијата на целата држава по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми