Бикоски остана верен на РК Прилеп и го продолжи договорот


Уште еден играч од тимот на РК прилеп остана верен на клубот и го продолжи договорот со прилепчани.

Христи Бикоски, кој игра на позицијата лево крило и беше еден од најдобрите поединци ланската сезона се обрврза на едногодишна соработка со клубот од Прилеп.

Претходно, РК Прилеп ги продолжи договорите со Реваз Чантурија и Давор Шокоски, а потпиша договор со Христијан Милошески од Бутел Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира