Властите во Индија повторно дозволија посета на Таџ Махал и останатите знаменитости, по забележителниот пад пандемијата со корона вирусот во оваа земја.
Сето тоа се прави со цел повторно да заживее економијата и ќе биде организирано под посебни протоколи, бидејќи земјата се уште се наоѓа во вториот бран на вирусот, кој премногу тешко ја погоди оваа држава.
Најмногу 650 туристи дневно ќе може да ја посетат најголемата туристичка атракција во Индија, а билетите за истото ќе може да се резервираат исклучиво онлајн. На влезот ќе се мери температурата на посетителите. Задолжително е да се носат маски и луѓето да се придржуваат до мерките на физичко растојание.
Легендарното Светско наследство од 17 век, изградено од императорот Шах Џахан во северниот град Агра, беше затворено на почетокот на април, бидејќи Индија воведе строги мерки за затворање за да се запре наглиот пораст на инфекцијата со Ковид-19, која сè уште убива илјадници секој ден.