Ристески: Стадионот во Тополчани, вреден 300.000 евра претворен во џбун, СДСМ го уништи прилепскиот спорт


Почитувани спортисти, спортски работници и жители на Тополчани. Сега ни е јасно зошто минатата недела сте биле негостољубиви за градоначалникот Илија Јованоски и пратеникот Миле Талески. Факт е дека повеќе не им поминуваат лагите ниту за земјоделие, ниту за образование, а најмалку за спортот. Истакна на денешната прес конференција претседателот на Републичката комисија за спорт на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Илија Ристески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Овој стадион кој сега е претворен во џбун, е проект што вреди 300.000 евра. Стадионот имаше рефлектори за ноќни натпревари, дренажа, соблекувални, туш кабини, бунар со техничка вода и трибина за 1.000 гледачи. Беше гордост за ова населено место и младите фудбалери.

Четири години наместо за фудбалски терени и нови проекти, во оваа држава се дискутира за марихуана и лажни пасоши.

Неспособните политичари од СДСМ не се срамат што овој објект е во ваква лоша состoјба и идат да ве убедуваат за смешни проекти, наместо за спортска сала во Тополчани или мултифункционални игралишта. Градоначалникот го уништи прилепскиот спорт, спортската инфраструктура и младите таленти. Се што ветија за спортот во Прилеп излажаа, буквално се’.

Еве веќе 7 дена и тие што стоеа зад него пред 4 години, а сега се во удобни фотелји, за жал молчат. Се срамат дека ги излажале оние на кои им биле идоли, бидејќи ги злоупотребиле за личен интерес?

Пред неколку денови на игралиште кое е целосен проект на ВМРО-ДПМНЕ и на ФФМ, го пречекавте генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николоски. Еве една идеја, следниот пат дочекајте го на ова игралиште, па и тој нека се увери во тоа како управувате со терените, за кои треба одржување. а очигледно е дека за тоа не водите грижа воопшто. Казната за овие лаги во најспортскиот град во Македонија кој денес има само еден прволигаш ќе биде огромна.

Токму граѓаните и спортистите, ќе му го испорачаат најголемиот пораз на СДСМ во Прилеп. Се обврзуваме, како идна локална власт, да го вратиме спортскиот дух во градот“, рече Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи