Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. УВ=9
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 17 °C до 35 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денес и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
На повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен. Денес попладне ќе има и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.