Филипче: Колективен имунитет се очекува до крајот на летото


До крајот на летото во земјава ќе биде постигнат колективен имунитет, бидејќи досега се вакцинирани околу 300.000 граѓани, а во следниот период, со помош на донираните кинески вакцини, ќе се имунизира уште поголем број од населението, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната заедничка прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија.

„Мислам дека до крајот на летото, голема бројка на граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300.000 граѓани, со оваа следна количина што доаѓа уште 300.000 граѓани, тоа се 50% од вкупната популација која што планираме да се вакцинира, тука се исклучени децата. Што значи некаде 1.200.000 граѓани ќе бидат вакцинирани со што до крајот на летото може да очекуваме процент на колективен имунитет со оваа бројка“, истакна Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи