Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 14 до 21 јуни, во општина Прилеп имало 7 новозаболени од коронавирус и нема починати од последици на коронавирусот.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 24, од кои едно лице се наоѓа на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 8.326, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 426 лица.