Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изјави дека раководството на Европската Унија (ЕУ) и европските партнери се одговорни за одложувањето на процесот на интеграција на земјава и на Турција, кои со години имаат статус на кандидати.
„За жал, европските приказни за обете земји не се успешни. Никој не е виновен, би сакал да барам вина од нас, но не можам да избегнам да зборувам за голата вистина. Нашите европски партнери и Брисел се одговорни за тоа, изјави Пендаровски за турската новинска агенција Анадолија.
Македонија чека за процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 16 години.