Македонија на листата на безбедни земји за Австрија


Австриското Министерство за здравство ги објави имињата на 11 нови земји кои се вклучени во ранг листата на сигурни држави од Ковид-19. Новиот декрет на Министерството за здравство на Австрија стапува на сила од утре.

На списокот на безбедни земји се додадени 3 балкански земји: Албанија, Македонија и Србија.

Покрај нив се и земјите САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните на овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, или лекарско уверение за претходно прележан Ковид-19.

Австрија на овој начин ја спроведува одлуката на амбасадорите на Европската Унија од минатата недела, пренесуваат медиумите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира