Кривична пријава против 42 годишен од с. Големо Радобил за неовластено тргување со оружје


ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Ј.(42) од с. Големо Радобил, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 12.11.2020, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле два ловни карабини STEYR, калибар 8х57 со оптички нишан и STEYR, калибар 7.62мм и 42 парчиња муниција, калибар 7.62мм, за кои не поседувал дозвола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи