Србија ќе додели 200.000 напуштени селски куќи на млади брачни парови кои што сакаат да живеат на село и да се занимаваат со земјоделство.
Единствениот услов за пријавување на кандидатите е да не бидат постари од 45 години. Од владата очекуваат да се пријавуваат земјоделци што живеат во заеднички домаќинства и сакаат да се осамостојат, но и млади луѓе кои немаат сопствен дом.
За оваа иницијатива од буџетот на Србија ќе се одвојат 1.200.000 динари.