Земјоделците најавија генерален штрајк


Денес на иницијатива на новоформираните тутунски здруженија се одржа работен состанок во Неготино во присуство на преставници на сите сите земјоделски гранки здруженија и нивни преставници.

На средбата покрај тутунските здруженија беа присутни преставници на сточарите, млекарите, оризопроизводители, лозаропроизводители, градинарите а заради работни обврски на состанокот не беа присутни пчеларите и производителите на житни култури кои изразија безрезервна подршка на сите заклучоци донесени на денешниот состанок како и на сите наши активности кои ќе се преземат во иднина.

„Ја користам оваа, прилика на сите присутни и на оние кои изразија подршка а тука сакам да ги напоменам и посебно одгледувачите на овци, и да им се заблагодарам пред се на храброста тоа што зе одважија конечно сите заедно сплотени да ги решаваме нашите проблеми. На средбата се констатира дека земјоделието се наоѓа во катастрофално лоша состојба и дека нема подсектор кој може да се пофали со позитивни резултати.

Неисплатени субвенции, неисплатени мерки, подмерки, неисплатени така наречени ковид помошти, пробиени рокови за исплата на истите, погрешни политики од владата и тотален хаос во земјоделието. Производство кое е доведено до раб на рентабилност имајќи ги предвид производните трошоци кои во последно време се зголемени за повеќе од 35%. Производство без регулирани цени и загарантирани откупи по формулата снајди се кој како знае и умее.

Сите присутни едногласно се изјаснија дека треба да се повлече законот за продажба на државното земјоделско земјиште како штетен за земјоделието и земјоделците во Македонија и се донесе едногласен став дека ниту сега ни во иднина не смее да се врши распродажба на општото добро во државата. Оваа територија таа почва е со крф платена од нашите претци и ни е оставена во аманет и за идните генерации и затоа најостро ке се спротивставиме на овој обид да ја запоседнат нашата земја еден грст моќници.

Исто така на средбата се констатира дека последен клинец на ковчегот на земјоделците е зголемувањето на нафтените деривати кои директно ќе влијаат врз уништувањето на земјоделецот кој и онака е во катастрофална финансиска состојба. Исто така се донесе едногласен заклучок дека овие состојби се неодржливи и трпението е при крај и затоа земјоделците СПЛОТЕНИ заеднички и здружени ќе организираат генерален штрајк на кој ќе го изразат својот револт на игнорантскиот однос на власта и Министерството кон земјоделието и земјоделците, кој ќе се случи многу наскоро за што земјоделците ќе бидат благовремено информирани за денот и часот на протестот. ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА САМО СЛОЖНО ЌЕ УСПЕЕМЕ“, истакна координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи