Многу се зборува за тоа дека треба да се води здрав живот и да се направи нешто за да се намали ризикот по вашето здравје.
Денешното издание на Инфо Регион го посветуваме на активниот живот и на физичкото и менталното здравје. Разговараме со фитнес денс тренерот, Благоја Мирески кој води исклучително активен живот. Тој беше и првиот што на Балканот, а можеби и во Европа кој со канго обувки го истрча прилепскиот полумаратон долг 21 км. Дали забавната програма Канго Џампс освен што го разубавува телото, го разубавува и духот?
Благоја е голем љубител на латино музиката, па затоа е и зумба тренер. Кои се придобивките од овој вид на тренинг и дали прилепчани имаат спортски авантуристики дух?
Кои се препораките на Благоја за да излеземе од пандемиската загриженост и конечно да започнеме со здрави навики?
Погледнете во интервјуто.
182