Прилепчани со повеќе освоени втори и трети места се враќаат од меѓународниот настан Pelister Ultra-Trail®, кој денес, втора година по ред се одржа во најстариот национален парк во Македонија, Националниот парк Пелистер.
Овогодинешното издание имаше две планински трки и тоа Big Lake trail 18K и Molika Trail 45K.
Big Lake Trail е со должина од 18км, 1170 метри искачување и 1170 метри слегување. Старт на патеката е од Ски центарот Нижеполе, со временски лимит од 5 часа, 1 контролна точка и максимална надморска височина од 2218 метри. Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата е целосно во рамките на Националниот парк Пелистер.
Најдобрите на оваа трка во женска категорија се:
⦁ МАРИЈА ПЕЛИКОН
⦁ ТАЛИЈА ПЕТРЕСКА
⦁ ИВАНА НАСТОВСКА
Најдобрите во машка категорија се:
⦁ КРИСТИЈАН БОЦЕВСКИ
⦁ ДАРИО ЃОРЃИОСКИ
⦁ ЗЛАТКО НИКОЛОВ
Molika Trail е планинска трка во должина од 45км, со 2820 метри искачување и 2820 метри слегување. Старт на патеката е од Ски центарот Нижеполе, со временски лимит од 12 часа, 4 контролни точки и максимална надморска височина од 2601 метри. Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association) и е целосно во рамките на Националниот парк Пелистер.
Најдобрите во женска категорија се:
1.Сања Најдовски
2.Мартина Милева Јовановска
3.Валентина Узунова
Најдобрите во машка категорија се:
1. Александар Кирковски
2. Александар Војнески Еленин
3. Антонио Каранфилоски