Научници од универзитетите МИТ и Харвард во САД создадоа маска која што покажува дали лицето кое ја носи е заразено со корона вирус.
Маските имаат сензори за еднократна употреба, кои што во рок од 90 минути ќе утврдат дали има контакт со вирусот. Сензорите се наоѓаат во внатрешноста на маската и можат да детектираат вирусни честички во здивот и се дизајнирани така што корисникот може да ги активира кога е подготвен да го изврши тестот.
Поради приватност, резултатите се прикажуваат само на внатрешната страна на маската.
Научниците се надеваат дека ќе соработуваат со компании за понатамошен развој на сензорите за истите да можат да бидат вградени во други маски за лице и да се прилагодат за откривање на други вируси.