Според Министерството за здравство, вчера прва доза примиле 11.220 граѓани, а во текот на денот вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани.
Вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.
Со барем една доза вакцина, според последните бројки, приомиле 52 % од населението над 70 години, 49 % од населението над 65 години и 43 % од населението над 60 години.
Досега бројот на лица кои се пријавиле преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, потсетуваат од Министерството за здравство.
157