Вакцините се веќе дистрибуирани, околу 50-тина илјади веќе во понеделникот беа дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет вклучувајќи и вакцина доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес“, изјави Филипче.
104