Прототипот на летечкиот автомобил летал 35 минути помеѓу меѓународните аеродроми Нитра и Братислава во Словачка.
Хибридниот автомобилски авион – AirCar е опремен со мотор БМВ и користи редовно гориво од бензинска станица.
Неговиот основач – професорот Стефан Клајн, изјавува дека автомобилот може да лета околу 1.000 километри, на надморска височина од 2.500 метри и дека досега поминал 40 часа во воздухот. Може да носи 2 две лица со ограничена тежина од 200 килограми во комбинација.
Потребни му се 2 минути и 15 секунди да се трансформира од автомобил во авион.
Се смета дека летечкиот автомобил би бил потенцијално решение за постојната оптовареност на сообраќајната инфраструктура.
123