Четириесет и осум годишниот Н.З., од село Слупчане, доктор од Клиниката за токсикологија вчера околу 19.30 часот е прободен со нож. Според првичните и неофицијални информации лекарот го познавал напаѓачот и на полицијата како лице кое го избодело со нож и го посочил сопругот на негова колешка и најверојатно се работи за лична пресметка.
Лекарот бил нападнат пред ќебапчилница на булеварот„Мајка Тереза“ и во моментов е надвор од животна опасност.
Од МВР официјално потврдија дека кај нив настанот бил пријавен вчера околу 19:50, од Ургентниот центар во Скопје. Полицијата напаѓачот, за сега го води како непознато лице.
Напаѓачот му пришол од зад грб на повредениот лекар, прободел со остар предмет, по што побегнал, а полицијата ги презема сите мерки за откривање на неговиот идентитет, велат од МВР.
Повредениот лекар е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.
Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.