ВИДЕО – За прв пат после 25 години од неговата смрт ќе се слушне звукот на недопрената гајда на Пеце Атанасовски


За прв пат после 25 години од неговата смрт ќе се слушне звукот на гајдата на Пеце Атанасовски утре на камената бина во Прилеп, на започнувањето на 47-от по ред фестиовал на народни песни и инструменти кој го носи неговото име. По смртта на Атанасовски во 1996 година со неговата гајда досега никој воопшто не свирел. Инаку Пеце Атанасовски е основоположник на овој фестивал. Неговата ќерка Весна Вучиќ Атанасовска истакна дека сите се возбудени да слушнат како ќе звучи оваа гајда, која е недопрена веќе четрврт век.

25 години таа гајда мируваше, годинава на неа ќе засвири професот Горанче Ангелов, ќе ја слушнеме утревечер во Прилеп, но и во Рудина во Долнени. Да се потсетиме и да видиме каков ќе биде звукот после 25 години незасвирена, Првата гајда во светот, се надевам на задоволство и на учесниците и на оние кои ќе бидат присутни“, вели Весна Вучиќ Атанасовска, ќерка на Пеце Атанасовски.

Со гајдата ќе засвири Горанче Ангелов, етномузиколог, проф. на музичката академија во Штип и член на Управниот одбор на Фестивалот. Ангелов ги повика младите што е можно е повеќе да се занимаваат со фолклорот затоа што со неговото изумирање неповратно исчезнува дел од нашата традиција, историја и култура.

Се уште постои една одбојност кај голем дел од населението во Македонија дека овие инструменти се стари, не се интересни, не се атрактивни, но морам да кажам дека се што е старо е се повредно и повредно. Со самото исчезнување на овој дел од нематеријалното богатство ние губиме нешто за трајно“, истакна Горанче Ангелов, етномузиколог, проф. на музичката академија во Штип и член на Управниот одбор на Фестивалот.

Комисијата годинава имала тешка задача да одбери 320 учесници од околу 600 колку што биле пријавени. Освен за фестивалот имало и голема желба за учествои на Семинарот за народни песни и инструменти, кој годинава по 9 пат ќе се одржи во состав на Фестивалот.

„Во состав на фестивалот ни е и научниот симпозиум во кој трета година по ред го објавуваме Зборникот на трудови на тема:  „Фолклорот во минатото и денес“. Во кој зедоа учество 12 еминентни научници со свои трудови“, рече Горан Василески фолклорист и секретар на Фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“.

Фестивалот започнува утре во Прилеп, а продолжува во сабота на Рудина во Долнени. Освен од Министертсвото за култура е потпомогнат и од Општините Прилеп и Долнени.

Утре во 18 часот ќе има и бесплатен превоз од Прилеп до Долнени за сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот. 

 

„Според правилникот на фестивалот за доделувањето на наградите имаме континуирано 10 статуетки и една Гран при, што ги прави скулпторот Емил Солески, и „Гајдата на Пеце“ која ја доделува Општина Долнени“, рече Донка Бачанова, технички секретар и член на Управниот одбор на фестивалот.

Скоро 50 години Прилеп уживал и ќе ужива во овој фестивал затоа што Пеце Атанасовски има оставено трага во музичкиот дел на народните песни и инструменти, не само во нашиот град туку и во целата наша држава“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Организаторите на Фестивалот велат дека се задоволни со годинешните добиени средства, но за негов поголем раст и развој и воведување на новини, потребна е сепак поголема државна помош. Досега на фестивалот за 46 години учествувале околу 10.000 инструменталисти од Македонија и од странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи