Димитров: Прашањето за јазикот не е борба за македонскиот, туку за европскиот идентитет и вредностите на ЕУ


Неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува. Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувување на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што од денеска се одржува во Охрид.

Тој го критикуваше однесувањето на ЕУ и истакна дека прашања како идентитетот и историјата станале важни за земји членки иако Лисабонскиот договор повикува на почитување на различностите.

„Ме прашуваат: ‘Дали да се биде членка на ЕУ значи дека може да малтретирате или да убиете некого, да ве натераат да ја укинете слободата на медиумите?’ Ова го користам за да го истакнам проблемот со јазикот. Јазикот е наше право и не е проблем на некоја друга земја или институција. Според Лисабонскиот договор, ЕУ ги негува различностите. Ова не е борба за македонскиот идентитет, туку борба за европскиот идентитет и Европа треба да даде пример“, рече Димитров.

Во однос на тоа што може да се очекува кога сте во очекување, како што беше и насловот на дебатата, Димитров вели дека ситуацијата е тешка, но не е безнадежна.

„Луѓето се помирија дека нема напредок, но проблемот е што ако нема надеж тешко е да се прават обиди, ако нема обиди нема да постои. Но, ако имате надеж, ова оди на штета на граѓаните и тие се разочарани. Народот не може да помине низ уште едно разочарување“,рече Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи