ВИДЕО – Со звукот на 25 години недопрената гајда на Пеце Атанасовски во Прилеп се отвори Фестивалот на народни песни и инструменти


За прв пат после 25 години од смртта на нашиот великан Пеце Атанасовски се слушна звукот на неговата гајда која небеше допрена четврт век. Со неа во Прилеп вечерва се отвори 47-то издание на фестивал на народни песни и инструменти, кој денес го носи неговото име. Со гајдата засвири Горанче Ангелов, етномузиколог, проф. на музичката академија во Штип и член на Управниот одбор на Фестивалот.

Чувството да засвирам на гајдата на мојот духовен водач , мојот гуру во гајдарската музика и воопшто изворната музика не се опишува вака, треба да се доживее. Денеска запрв пат ја пробавме, гајдата е во одлична кондиција, ја направивме да свири и денес и утре на Рудина гласот и духот на чичко Пеце Атанасовски, нашиот светски гајдаџија ќе прозвучи преку оваа гајда и преку мене“, истакна Горанче Ангелов, етномузиколог, проф. на музичката академија во Штип и член на Управниот одбор на Фестивалот. 

Комисијата годинава имала тешка задача да одбери 320 учесници од околу 600 колку што биле пријавени, но она што радува е дека најголемиот дел од учесниците се млади кои сакаат да ја продолжат нашата традиција.

Се повеќе имаме млади присутнии и одлучивме да им дадеме предност на првата фестивалска вечер, претежно имаме групи, обредни поворки, женски обредни поворки, традиција  која се уште е жива и се негува во Македонија“, рече Родна Величковска, уметнички директор на фестивалот.

 „Ние сме Лазарките во Вевчани, кај нас секоја година за Лазара се негува традицијата со тоа што се собираме група девојчиња од Горна и Долна Маала и со песни го најавуваме Христовото Воскресение“, рече Бојана Парталоска, член на КУД „Дримкол“ од Вевчани.

 „Има песни за домаќинот, за постара жена, за девојче, за бебе, за невеста и тие се пеат отсекогаш“, додаде Теона Кабровска, учесник од с. Буково

 На фестивалот имаше присутно млади таленти буквално од цела Македонија.

„Гајдата ме привлекува многу како инструмент, научив да свирам преку видеата на Пеце Атанасовскии кои ги има на you tube“, вели Огнен Радуловиќ, член на КУД „Илинден“ од Битола.

„Јас свирам на кавал, многу ми е убав и милозвучен инструментот, ми се допадна кога го слушнав и решив да си купам. И свирам година и половина“, истакна Илија Неделковски, член на КУД „Илинден“ од Битола.

„Јас го видов татко ми како свири на гајда кога иимав 4 години и од тогаш свирам на гајда и лани ја добив наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски“, истакна Теодор Грујоски, гајдаџија.

Фестивалот продолжува тре во 19 часот на Рудина во Долнени. Утре во 18 часот ќе има и бесплатен превоз од Прилеп до Долнени од пред Домот за култура Марко Цепенков за сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот. Досега на фестивалот за 46 години учествувале околу 10.000 инструменталисти од Македонија и од странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи