Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА на чиј офиицијален сајт каде се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се „Северномакедонци“.
„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.
После реакциите, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.