Денеска, после 27 години, најбогатиот човек во светот и основач на Амазон, Џеф Безос, се повлекува од функцијата генерален директор на Амазон. Безос планира да задржи сопственички удел од 10,3 % во компанијата, како и местотo извршен претседател на управниот одбор на Амазон.
Безос планира да се придружи на екипажот на првиот патнички лет во Вселената. Овој лет е закажан за 20 јули, на годишнината на слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината во 1969 година.
Имотот на Безос се проценува на околу 189 милијарди долари, со што се наоѓа на прво место на Форбс на најбогати луѓе во светот.
Амазон стана една од највредните компании во светот, чија вредност се проценува на 1,7 билиони долари.
Во САД, Амазон вработува повеќе од 800.000 луѓе. На критиките кои му беа упатени за условите за работа, Безос реагира и велу дека се плаќаат минимум 15 долари на час на работниците, но тие се го обвинуваат дека ги третира работниците како машини. Иако Безос не дозволува формирање на синдикати, тој вети дека Амазон ќе стане „најдобриот работодавач на светот“.