Најстариот човек на светот се спрема за својот 113 роденден


Емилио Флорес Маркес од Порторико кого неколку недели го делат од неговиот 113 роденден од страна Гинисовата книга на рекорди и официјално е прогласен за најстар човек на планетата.

Емилио Флорес Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико како едно од 11-те деца во семејството.

„Бев најстар од сите и така успеав да работам се, да чистам, да се грижам за момчињата… за се“, вели Маркез кој најмногу се занимавал со земјоделство, кое било основен извор на приходи во семејството.

Маркез бил 75 години во брак со Андреа Перез, сè до нејзината смрт во 2010 година. Тие имаат четири деца, а Маркез сега има и пет внуци и пет правнуци.

Познат под прекарот Дон Мило, Маркез на вечното прашање за тајната на долговечноста изјави како клуч за среќен живот – изобилство на љубов и живеење без лутина.

Во средата, кога официјално влезе во Гинисовата книга, имаше 112 години и 326 дена. Поранешниот најстар човек на светот беше Романецот Думитру Комнеску, кој почина на 27 јуни 2020 година на возраст од 111 години и 219 дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи