Пинтерест ги блокира рекламите за слабеење


Пинтерест (Орг. Pinterest) е првата компанија која започна да забранува реклами за слабеење од 1 јули.

Новата политика забранува рекламирање со „кој било јазик или фотографии што идеализираат или оцрнуваат одредени типови на тела“.

Компанијата вели дека рекламите што промовираат здрав начин на живот и фитнес услуги и производи се уште се дозволени „се додека не се фокусираат на слабеење“.

Тие ја сменуваат својата политика според упатствата на Националното здружение за нарушувања во исхраната, кое на почетокот на пандемијата Ковид-19 започнало да бележи зголемена активност на нивната линија за помош.

„Пинтерест е важен за инспирација. Критичен дел од овој процес на откривање е создавање безбеден простор за корисниците да се изразуваат, поради што сме горди што усвоивме забрана за сите реклами за слабеење, диети и исмејување на телото “, вели Аја Канаи, менаџерка за содржина на Пинтерест.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи