Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 28 јуни до 5 јули 2021 година, во општина Прилеп немало нови случаи на Ковид-19.
Нема починати од последици на коронавирусот. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 6, сите се лекуваат во домашни услови.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.327. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 426 лица.