На денешната седница, Владата го одобри Предлог законот за финансиска поддршка од петтиот пакет економски мерки за производителите на тутун. Напиша денеска на својот ФБ профил, министерот за земјделство Аријанит Хоџа.
„Со Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството на тутун, се уредуваат условите, корисниците и висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството на тутун, предизвикани од COVID 19.
Обезбедени се вкупно 307.000.000 денари кои ќе бидат исплатени на следниов начин:
- 3 денари за килограм тутун продаден како втора класа
- 16 денари за тутун продаден како трето и четвртa класа
Имајки ја во предвид состојбата со откупот на тутун од реколта 2020 година, Владата повторно им излезе во пресрет на тутунопроизводителите“, вели Хоџа.