10 новозаразени, 5 оздравени и 1 починат од корона во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирање, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1.

Регистриран е еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира