Радев: Блокадата не е бугарска, во Скопје сами да ја отстранат

Facebook
Twitter
Email
Print


Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.

„Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ“, рече Радев.

Радев тврди дека блокадата на евроинтегративниот процес за Македонија не е од Софија.

„Ние очекуваме нашите пријатели од РМ, нашите браќа, а најмногу раководството на државата самите да ја кренат блокадата. Таа блокада не е од нас. Ние очекуваме вистински, неповратни и одржливи резултати во нашите односи. Вие да ги исполните копенхашките критериуми за членство, да се променат учебниците. Ние тоа го очекуваме веќе 4 години, уште од кога го потпишавме договорот во 2017 година. Очекуваме да се променат учебниците, спомениците со нивните натписи, музеите, јавните медиуми, за еднаш засекогаш да го искорениме јазикот на омразата“, вели Радев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи