За 1 ден: 434 казни за брзо возење и 231 казна за пијани возачи

Од МВР најавуваат дека продолжуваат превентивните и репресивни активности.

„Наша цел е да допреме до сите граѓани. Во активностите кои што ги реализираме со РСБСП ги потсетуваме граѓаните дека безбедноста во сообраќајот, покрај другото е лична обврска и лично право на секој учесник во сообраќајот, и секој кој што учествува во сообраќајот е должен да ги почитува сообраќајните правила и прописи. Најголем дел од граѓаните се одговорни и совесни учесници во сообраќајот, но за жал се уште имаме учесници во сообраќајот кои возат под дејство на алкохол, управуваат моторно возило без возачка дозвола или ги прекршуваат правилата за ограничување на брзината. За ваквите возачи нема место во сообраќајот и ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќајот“ – изјави Тони Ангеловски,портпарол на МВР.

Според информациите на МВР, во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот на територијата на целата држава имаме 434 санкции за возење со поголема брзина од дозволената.

Синоќа пак, во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 231 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а од нив 35 на територија на СВР Битола.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи