Актуелниот градоначалник на Крушево, Томе Христоски повторно ја доби довербата од сопартијците и ќе се кандидира за втор мандат пред крушевчани. Тоа официјално беше потврдено доцна синоќа, кога СДСМ ги соопшти првите 30 кандидати за градоначалници во државава, меѓу кои беше и Христоски.
Тоа го потврди и градоначалникот на Крушево на својот Фејсбук профил.
„Чест и задоволство е да се работи за нашето Крушево и за нашите сограѓани изминатите 4 години. Од друга страна е обврска, но и одговорност како и што треба да се работи и прави за Крушево, за населените места, за моите сограѓани.
Искрено, посветено, одговорно, со срце и душа, така и ќе продолжиме!
Не смееме да се навраќаме пред 2017г. но да продолжиме со позитивна мисла и дела кон 2024г. Црното минато да го оставиме зад себе но да чекориме со значајни чекори и проекти за да го постигнеме она што сите го бараат од нас. За нас сите граѓани се исти и еднакви и затоа Крушево ќе продолжи да се развива паралелно, како во градот, така и во сите населени места од општината.
Покажавме и докажавме како се води општина Крушево, призната, препозната и посакувана општина, најважното е што успеавме да направиме една поинаква, поубава приказна.
Благодарам за искажаната доверба од страна на ИО на СДСМ, Претседателот Зоран Заев и воедно упатувам благодарност до сите мои сограѓани за досегашната укажана доверба, како и за идната поддршка да продолжиме заедно да го градиме Крушево.
Направивме многу, но не е доволно, не чекаат нови предизвици и нови успеси за Крушево и за сите нас. Продолжуваме….“, напиша Христоски.