Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година, во споредба со мај 2020 година, изнесува 108.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 %) и други услужни дејности (14,4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,0 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 %) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 %).