На 20.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 70 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле со измината регистрација, еден возач разговарал на мобилен телефон, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.