На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот.
Притоа било констатирано дека 98 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 9 возачи управувале возило без возачка дозвола, 3 возила биле со измината регистрација, 6 возачи разговарале на мобилен телефон, 2 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.