Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека нема ништо против датумот на изборите да биде 17. октомври. Како што кажа премиерот, претходно кажал 31. октомври, поради поклопување со пописот, но дека доколку сите се согласат, може да биде и 17. октомври.
„Треба да ја прашаме и опозицијата која треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако каже опозицијата 17. октомври, и ако сите се согласат, тогаш ние сме океј. Следниoт викенд е 24. октомври, и 31. октовмри, тие се опциите за октомври“, изјави Заев.