Мијалков и експолициските „Алфи“ ослободени од обвинение за апсењето на Љубе Бошковски


Кривичниот суд во Скопје ги ослободи од обвинение екс директорот на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“.

Судот донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дела е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Предметот го отвори поранешното СЈО по чие згаснување овој, како и сите други случаи, преминаа во рацете на редовните обвинителства.

Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира