Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на КОВИД-19:
Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.