Јованоска: Горда сум што имам шанса да испишам историја за Македонија на Олимпијадата


Наш гостин во Инфо Регион е македонската, а особено прилепската гордост, каратистката Пулексенија Јованоска, еден од 8-те наши спортисти кои што ја претставуваат Македонија на ЛОИ во Токио.

Јованоска вели дека е особено горда што ја има шансата да испише историја, особено поради тоа што таа е првата македонска каратистка која некогаш учествувала на Олимпијада.

Посебен куриозитет пак претставува тоа што каратето за прв пат се воведува како олимписки спорт, а од наредната Олимпијада веќе се укинува, така што можеби ова ќе биде единствената Олимпијада, барем засега, каде можност ќе имаат да учествуваат каратистите.

Јованоска ќе се натпреварува во кати и вели дека конкуренцијата навистина била огромна. За стигне до Олимпијадата се подготвувала 4 исцрпувачки години, поминати во постојан тренинг и голем број натпревари.

Повеќе информации околу тоа зошто Јованоска не беше на отворањето на Олимпијадата, кога таа ќе настапува, кога ќе замине таму и која е нејзината конкуренција погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира