Прва седница на Советот на општина Крушево во живо


На 9-ти август 2021 се одржа првата седница на Советот на општина Крушево која се пренесуваше во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“ и во новата просторија во горната училишна зграда.

Претседателот на совет Тома Петроски изрази задоволство што мандатот на овој состав на советот завршува на едно повисоко ниво на транспарентност.

„Драго ми е што ја продолжуваме нашата работа на едно повисоко ниво на транспарентност со пренесување на седниците во живо. Обезбедуваме поголема видливост на нашата работа и поголема доверба во ова тело на локалната власт. Им благодарам на сите советници кои се дел од овој проект преку нивно активно учество на модулите и работилниците во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети. Без придонесот на сите нас овој проект немаше да се имплементира“, изјави претседателот Петроски.

Имплементацијата на оваа иновативна алатка со опремување и инсталирање на опрема за пренесување на седниците на советот во живо е дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи