Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе заврши со настап на Бек Дор Бенд на споменикот Македониум вечерва во 21 часот.
Во текот на вчерашниот ден на „летната сцена“ во Крушево се одржа детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“ со настап на деца од повеќе градови од државата. Концертот привлече големо внимание и „летната сцена“ беше исполнета со крушевчани и посетители на градот.
Во изминатите девет дена Манифестацијата понуди богата содржина за различни вкусови. Се одржаа повеќе музички концерти, театарски претстави, научни настани и настани со повеќе возрасни групи и различни видови на туристи.