Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека грчкиот остров Евиа каде беснеат пожари во неделата безбедно го напуштиле 38 од 39 туристи наши државјани, а 1 останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.
„Амбасадата на Република Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Македонија.
Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа (во моментот безбедно место). Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен“, наведуваат од МНР.