Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека СДСМ ветуваа живот за сите граѓани, а сега животот дојде само за функционерите од СДС. Ветуваа кратење на непродуктивните трошоци веднаш откако ќе дојдат на власт, а сега ги дуплираат за свој личен луксуз
„За 2018 година СДС за луксузирање на нивните функционери, под ставката Буџет за дневни и патни трошоци двојат дури 12.5 милиони евра. Минатата година буџетот за ова изнесувал 7.3 милиони евра, а оваа година за 5.2 милиона евра повеќе или скоро двојно повеќе. СДС, Заев, Тевдовски, Шекеринска и останатите, грубо ги лажеа граѓаните. Ова е срамно и потценувачки. Потценувачки е за над 1.700 семејства на вработените од „Еурокомпозит“, „Колска“, „Фени индустри“ кои благодарение на непосветеноста на оваа влада да им го реши проблемот, грубо беа лажени наназад месециве дека ќе им се реши проблемот, додека пак СДС за луксузирање троши двојно повеќе од лани“, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Костовски посочи дека потценувачки било за младите во нашата држава бидејќи им ветуваа „Младинска гаранција“ преку која младите ќе имаат можност за вработување, доедукација или платена работа во приватниот сектор, а од ветувањата не добиле ништо.
„Ветуваа нов студентски дом до крајот на 2017 година, а го стопираа и оној што требаше да се отпочне подготвен од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваа подобро здравство и реорганизација на здравството, а здравството никогаш не било полошо од сега. Ветуваа пари кај граѓаните, а граѓаните секој ден гледаат дека парите се слеваат во џебовите кај газда Кочо Анѓушев и останатите од врхушката на СДС. Единствено СДС мислат само на себе и својот личен интерес. Тие немаат ниту срам ниту перде, а граѓаните повторно се излажани, изманипулирани и маргинализирани од решавање на нивните најважни проблеми“, додаде Костовски.