Министерството за здравство информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.
Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар.
Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на веб страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот за вадење на CommonPass, за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.
Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат бидејќи вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет.