Денеска во Прилеп движењето на центарот ЛДП-ДОМ го промовираше својот кандидат за градоначалник, прилепскиот стопанственик Славе Петрески, поранешен директор на ЈП за ПУП.
„Видов кои се проблемите на граѓаните и тоа ме мотивира да прифатам да бидам кандидат за градоначалник. Имаме време за припремање на програмата, имаме време докажување пред граѓаните, за идеите наши, за економијата, за напредок во смисла на проблемите кои ги имаат граѓаните, нерешени прашања поставени до собранието, до неусогласување на проектите на генералниот урбанистички план и деталниот урбанистички план, сите тие проблеми ги чувствуваат граѓаните. Ако ги решиме тие проблеми ќе биде се подобро и за граѓаните и за градот и за економијата“, истакна Петрески.