Младата крушевчанка Ирена Богданоска за која Крушево па и сета македонска јавност се бореше да обезбеди пари за лекување, починала завчера. Веста ја соопшти нејзиниот татко Ѓоко Костоски.
Богдановска пред смртта се лекуваше во приватна болница, а причина за комата во која западна бил убод од инесект. Пред две недели нејзините блиски побара донации за да може да го платат лекувањето, но сега соопштуваат дека Ирена ја изгубила најважната битка.
„Почитувани роднини драги пријатели во овие тажни и тешки моменти чувствувам потреба да се заблагодарам на сите здраствени работници и на целиот народ кој се солидаризираше со нас во најтешките моменти на моите крушевчани, но за жал и покрај сите напори мојата ќерка Ирена ја загуби битката“, објави вчера Костоски.