Македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од први септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест ќе мора да одат во седумдневна изолација, но властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка.
Министерот за здравство денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за ова министерството ќе излезе со дополнителен став.